На 8 и 9 август Даниjела Мартиновиќ ќе пее во Делчево

од desk2
180 прегледи

 

Популарната сплитска пејачка Данијела Мартиновиќ, која неодамна ја видовме со одличен концерт на прилепскиот „Пиво фест“, овој пат доаѓа во Делчево.

Поточно на 9 август жителите, гостите и учесниците на „Делчевско лето 2019“ ќе пеат и танцуваат на своите омилените песни од репертоарот на Даниела: „Плеши са мном“, „Нека ми не сване“, „То мало љубави“, „Ево мене, „Распашој“, “Једна за љубав“… На прес-конференцијата делчевскиот градоначалник Горан Трајковски ги соопшти имињата и на другите музичари кои ќе настапат пред настапот на сплитската пејачка ѕвезда на 9 август на летната сцена во градскиот парк во Делчево.

– Општината Делчево во соработка со бизнис-секторот годинава организира спектакуларни концерти во рамките на „Делчевско лето 2019“. Ѕвезда на вечерта е хрватската пејачка Данијела Мартиновиќ, чии хитови ги сакаат и млади и постари. Концертите ќе се одржуваат на 9 август кога, освен Мартиновиќ, ќе настапат девојките од „Дикато-бенд“, рок-групата „Троја бенд“ и делчевците „The Jokers“, истакна Трајковски. Традиционално, и ова лето културните збиднувања започнуваат ноќта спроти верскиот празник Св. Пантелејмон, на 8 август, кога на летната сцена на Голак ќе се одржат меѓународните „Голачки фолклорни средби“.

Целта за организацијата на овие концерти е да се даде нов имиџ на градот, со што ќе се раскаже нова приказна за градот Делчево и државата С. Македонија.

– Како дел од она што минатото лето го договаравме со бизнис-секторот, во рамки на бизнис-форумот „Да ја поддржиме приказната за Делчево“, ги реализираме активностите од областа култура и културни настани, бидејќи тие ја даваат душата на градот. Целта и на Општина Делчево и на претставниците од бизнис-секторот е да им овозможиме на нашите граѓани и на граѓаните од регионот, незаборавна вечер и забава и заедно да испишеме нова традиција, истакна Трајковски.

Очекувањата на Трајковски се дека Делчево на 8 и 9 август ќе биде домаќин на илјадници гости од регионот.