85
Министерството за надворешни работи на Русија денеска ја повика на разговор амбасадорката на САД во Москва, Лин Трејси, и ѝ врачи демарш поради, како што наведе, зголемената вмешаност на САД во конфликтот во Украина.
„Демаршот беше доставен до шефот на дипломатската мисија на САД, која беше поканета во руското министерство за надворешни работи на 21 февруари во врска со зголеменото учество на САД во непријателствата на страната на режимот во Киев“, соопшти Министерството, пренесе ТАСС.
Како што додава РИА Новости, на амбасадорката ѝ било кажано и дека Вашингтон треба да преземе чекори за повлекување на американските и НАТО војниците од Украина.