На „Богородица“ се чека половина час за влез во Грција

од Nikola Popovski
59 прегледи

Утрово ГП „Богородица“ преплавен од автомобили. Според информациите на терен се чека по половина час за излез од Македонија и влез кај нашиот јужен сосед, Грција. Исто толку се чека и на „Табановце“ за влез во земјава, информира утринава Авто мото сојузот на Македонија.

Граничарите ги пропуштаат граѓаните во три колони.

На останатите гранични премини, според информациите на АМСМ, нема подолги задржувања за влез и излез од земјава.

Според камерите на ЈП Државни патишта, гужви и колони со патнички возила на ГП „Богородица“ имаше и во текот на деновите од викендот, особено во утринските часови.

Слични содржини