НА ЧАСОВИ ПРЕД ЗАМИНУВАЊЕ ОД БЕЛАТА КУЌА: Бајден „превентивно“ помилува лица кои се „трн во око“ на Трамп

од Vladimir Zorba
35 прегледи

Американскиот претседател во заминување Џо Бајден превентивно ги помилува генералот Марк Мили, Ентони Фаучи и членовите на Конгресот кои служеа во комитетот за истражување на нападот на Капитол, само неколку часа пред инаугурацијата на Доналд Трамп.

Помилувањата, објавени во последните часови од мандатот на Бајден, дојдоа откако новоизбраниот претседател Доналд Трамп вети одмазда против оние за кои смета дека се противеле на неговиот прв мандат.

– Нашата нација секојдневно се потпира на посветени, несебични јавни службеници. Тие се крвотокот на нашата демократија. Сепак, алармантно е што владините службеници се изложени на постојани закани и заплашувања поради верно извршување на нивните должности, се вели во изјавата на Бајден.

Тој посочи и дека помилувањата не подразбираат вина.

– Издавањето на овие превентивни помилувања не треба погрешно да се сфати како признание дека кое било лице е вмешано во какво било кривично дело, ниту како признавање на вина за какво било кривично дело. Нашата нација им должи на овие јавни службеници долг на благодарност за нивната неуморна посветеност на нашата земја, напиша американскиот претседател во заминување.

Фаучи, поранешен врвен медицински советник, и Мили, поранешен претседател на Здружениот штаб, беа под лупа на политичките противници за нивните улоги во истрагата за нападот на Капитол на 6 јануари 2021 година.

Овој потег се очекува да предизвика силни реакции кај политичките противници на Бајден и приврзаниците на Трамп.

Фото: Х

Слични содржини