Владиката Агатангел денеска во придружба на градоначалникот Митко Јанчев, лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски и други свештени и цивилни лица, во Кавадрци прво побара „ова свето место“ да се исчисти од муви и оси за да даде добар род, а потоа повика Божја помош и за партискиот лидер кој го придружуваше во закројувањето на лозјето.
За владиката Агатангел, ВМРО-ДПМНЕ е најголемата и најсветата партија во државата и тој верува дека Господ и Богородица ќе му помогнат на Христијан Мицкоски да го врати сето македонско и национално.
Неговата изјава предизивика рекации на социјалните мрежи:
На човекот треба да му биде дозволено за Свети Трифун само да собира прачки а не да држи говори.Прашање е само дали и за тоа го бива.Тој главно ги погани работите.И само Мицковски не гледа во тоа проблем . А тој што во тоа не гледа проблем и самиот е проблем, пишува во својот коментар на Фејсбук, професорот Ѓорѓи Спасов.
Свој став во врска со денешните изјави на владиката даде и професорката Ана Павловска Данева.
-Многу тажно и срамно кога поп се бави со политикантство. Без оглед за која партија одработува!, пишува професорката.