На Чуамени му се допаѓаат и Ливерпул и Реал Мадрид

од Vladimir Zorba
352 прегледи

Играчот од средниот ред на Монако, Орелијан Чуамени, призна дека му се допаѓаат и Ливерпул и Реал Мадрид. Двајцата финалисти во Лигата на шампионите се поврзуваат како еден од најголемите фаворити за потписот на 22-годишниот играч од средниот ред, за кого се интересираат и Пари Сен Жермен и Манчестер Јунајтед.

Запрашан дали ќе се приклучи на Реал или Ливерпул, Чуамени рече: „Ми се допаѓаат двата тима. Гледам натпревари и од шпанското и од англискиот шампионат. Многу е различно да се игра во Шпанија и Англија, но мислам дека се е прашање на адаптација“.

„Смешно е. Моите пријатели Беноа Бадијашил и Џибрил Сидибе и јас се шегуваме со сите овие гласини. Секое утро ми велат: „Ќе одиш во овој клуб“. Следниот ден клубот е поинаков. Но, убаво е да се биде во таква ситуација. Тоа значи дека сум во добра позиција. Работев напорно за да ги натерам најдобрите клубови да ме сакаат. На крајот, сепак, сето ова е само на социјалните мрежи. Најважно е да бидеме добри на тренинзите и да одиграме добро на следниот натпревар. Ќе видиме што ќе се случи“.

Слични содржини