На денешен ден 30 декември …

од Vladimir Zorba
67 прегледи

    

1691.- Умрел англискиот хемичар и физичар Роберт Бојл.

1803.- Во составот на САД влегла дотогашната француска колонија Луизијана.

1865.- Во Бомбај, Индија, е роден Радјард Киплинг, англиски писател. Извонредно ја познавал таинствена Индија и пишувал книги за деца со тематика од живописниот свет и природата воопшто. Негови најпознати дела се “Вистински приказни”, “Книга за џунглата”, “Ким”, “Храбрите капетани” и други. Во 1907 година ја добил Нобеловата награда за литература. Умрел во Лондон, на 18 јануари 1936 година.

1899.- Во Лондон умрел Џемс Пеџет, англиски хирург, еден од основачите на модерната патологија. Роден е на 11 јануари 1814 година.

1903.- Во пожар во чикашкиот театар „Ириквои“ загинале 588 лица.

1906.- Роден е англискиот филмски режисер Керол Рид. Филмови: „Ѕвездите гледаат од небо“, „Ноќен воз за Минхен“, „Бегалец“, „Третиот човек“, „Јаре за две пари“, „Трапез“ „Клуч“, „Наш човек во Хавана“, „Агонија и екстаза“, „Оливер“ (носител на „Оскар“).

1909.- Убиен бил Ѕоле Стојчев, македонски револуционер, борец против османлиската власт, против пропагандите во Леринската околија на Битолскиот револуционерен округ и против аспирациите на Бугарија, Србија и Грција спрема Македонија. Роден бил во Баница, Леринско, во 1867 година.

1916.- Во Петроград бил убиен и фрлен во реката Нева – Григориј Ефимович Распутин, легендарен и контроверзен духовник, долго време исклучително влијателна личност на рускиот царски двор.

1922.- Официјално бил основан Сојузот на Советските Социјалистички Републики (СССР) федерална заедница создадена од Русија, Белорусија, Украина и Транскавкаската Федерација. Подоцна се приклучиле или се формирале и другите советски републики.

1933.- Романската екстремистичка политичка организација „Железна гарда“ го убила претседателот на владата Јон Дуку.

1947.- Умрел англискиот филозоф Алфред Норт Вајтхед, еден од најзначајните англосаксонски мислители на 20. век. Дела: „Математички принципи“, „Расправа за универзалната алгебра“, „Организација на мислењата“, „Истражување на принципите на природните знаења“, „Науката и модерниот свет“, „Процес и реалност“, „Смелите потфати на идеите“.

1949.- Во Скопје бил формиран Балетскиот ансамбл при Македонскиот народен театар, под раководство на Ѓорѓи Македонски и неговата соработничка Анелиза Асман.

1949.- Виетнам бил прогласен за суверена држава, по француската колонијална управа.

1964.- Основана била Конференцијата на Обединетите нации за трговија и развој – УНКТАД.

1968.- Умрел норвешкиот државник Тригве Ли, прв генерален секретар на Обединетите нации од 1946 до 1952 година. Пред Втората светска војна бил секретар на Социјалистичката партија на Норвешка и министер за правосудство, а по германската инвазија на Норвешка, во 1940 година, шеф на дипломатијата во пребегнатата влада во Лондон.

1989.- Полското собрание воспоставило повеќепартиски политички систем.

1991.- На состанокот во главниот град на Белорусија, Минск, лидерите на Заедницата на Независните Држави, создадена по распадот на Советскиот Сојуз, не се договориле за заедничка армија и на сите поранешни советски републики им било дозволено да формираат сопствени вооружени сили.

1996.- Министерството за надворешни работи на Република Македонија соопштило дека Македонија и Оман воспоставиле дипломатски односи.

1997.- Во Скопје излегол првиот број на двонеделниот магазин „Форум“.

2004.- Умрел американскиот џез-музичар, „кралот на свингот“ Арти Шо. Важел за врвен кларинетист. Компонирал концерти за кларинет и низа познати мелодии, како  “Nightmare”, “Any old time”, “Everything’s Jumpin”.

2006.- Погубен бил поранешниот ирачки лидер Садам Хусеин.