На денешен датум пред повеќе од 80 години Адолф Хитлер е назначен за канцелар на Германија. Со доаѓањето на неговото управување настапува и крајот на Вајмарската Република (називот на германската држава во периодот 1918/19 – 1933 година).

Пред обидот за наметнување на либералната демократија во Германија во 20-те години на ХХ в, федералната република, така предводена од својот оптимизиран Устав, преживува повеќе од 10 години во време на големи промени и внатрешни конфликти. Во почетокот нејзината политика може да биде класифицирана како демократска. Изгаснати се бројни обиди за соборување на државниот поредок со цел воведување на социјализам.

Во 1923 година Рурската област е окупирана од Франција. Кревката Вајмарска Република претрпува огромна финансиска, политичка и морална криза, а обидите за комунистички преврат .

Вајмарската република претрпува најлошата хиперинфлација, која се случила во поновата историја, токму во времето на тешката историска реалност на повоеното време.

Вредноста на германските марки паѓа од 4.2 за долар на 8.91 за долар во крајот на војната, а по неа исплата на репарации доведува до економски колапс и хиперинфлација .

Во тоа време нивото на инфлацијата изнесува 3 милиони и 250 илјади проценти месечно. Цените на стоките од прва потреба се зголемува двојно на секои два дена.

Валутата станува непотребна, освен на децата кои користеле големо количество со марки за игра. За време на хиперинфлацијата на луѓето им било поисплатливо да горат пари, наместо дрво.

До средината на 1923 година на работниците им се плаќа по три пати на ден Жените  ги посетувале благакните непосредно по секоја плата и се враќале во најбрз начин до продавници да разменат пари за храна.
Храна која се наоѓала била ретка , бидејќи повеќето продавници биле целосно празни. Сопствениците или не можеле да се снабдат со прехранбени производи, или немале профит од тоа.
Земјоделците од друга страна одбивале да носат од своето производство во градот за бескорисни парчиња хартија. Императив пресметување на трошоците и приходите во трилиони и милијарди прави практично невозможно остварување на каков и да е бизнис со брендови.

Милиони Германци од средната класа потонале  поради инфлацијата. Тие се чувствуваат оштетени и измамени од десната политика што подготвува една плодна почва за доаѓањето на Хитлер. Работници погодени од инфлацијата, најчесто се ввреле кон комунизмот.

На 16 ноември 1923 година влегува во сила нова валута  накратко “рентенмарка”, која сече 12 нули од цените. По влегувањето  на пазарот во Вајмарската република цените на стоките стануваат стабилни – нешто што граѓаните го прифаќаат како чудо.

При размената  рентенмарката е еднакви на еден трилион од старите марки и имала менувачката вредност 4.2 рентенмарки за  еден долар, што било страшен напрадок