На ДУИ никој не им се закануваше додека беа власт, нема никаква логика некој да им се заканува сега, рече Меџити

од Vladimir Zorba
53 прегледи

ДУИ сама си ги пишува заканите и сама ги пријавува во МВР, рече денеска првиот заменик-претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити.

Според него, не е точно дека Елјеса Незири, предложен за директор на Државниот завод за индустриска сопственост, има кривична пријава за насилство.

-На ДУИ никој не им се закануваше додека беа власт, така што нема никаква логика некој да им се заканува сега, кога се опозиција. Имаат проблем со сами себе. Според мои потврдени информации, сами ги пишуваат заканите и сами ги пријавуваат во МВР. Во делот на заканите, ни ние, ни тие не треба да се плашат за своите челници, а во делот на прекршувањето на законите и одговорноста, тоа е друго прашање, истакна Меџити.

Слични содржини