На француски фудбалер му застанало срцето додека играл со пријателите

од Stefanija Kuzmanovska
255 прегледи

Кристофер Мабоулоу почина на 31-годишна возраст од срцева слабост, откри францускиот клуб СЦ Бастија.

Мабоулоу починал додека играл фудбал во неговиот роден град Монфермеил.

Не стануваше збор за натпревар, туку тој починал додека играл со неговите пријатели.

Мабоулоу по Бастија замина во Нанси, а во својата кариера одигра 29 натпревари во елитните редови на францускиот фудбал. Познат е неговиот натпревар против Марсеј во август 2014 година, кога постигна два гола.

Во пресрет на пандемијата, тој играше за Тонон-Евијан, француски тим од пониската дивизија.

Слични содржини