173
„Тој не ја познава историјата, бидејќи на Голи оток не се одело зашто некој бил Македонец или Бугарин, туку дали си за Тито или за Сталин“.
Вака претседателот Стево Пенаровски му возврати на бугарскиот министер за надворешни работи Николај Милков во интервју за Топ Тема на Телма. Претходно, Милков обвини дека стотици Бугари, односно луѓе со наводна бугарска самосвест, завршиле на Голи Оток, споредено со 12 момчиња убиени во македонското село Ваташа.
На обвинувањата на Милков дека македонскиот претседател ги прикрива политиките на државата за дискриминација на македонските Бугари, Пендаровски со одговор: „Дајте докази!“