На граничниот премин „ Богородица“ ќе биде поставена табла со новото име

од Марта Пешевска
127 прегледи

На граничниот премин „Богородица“ кај Гевгелија денеска ќе  биде поставена табла со новото уставно име на државата, информираат од Царинската управа.

Новото име, Република Северна Македонија стапи на сила од вчера со пристигнувањето на Вербалната нота од грчкото МНР и објавувањето во Службен весник.