На граничниот премин Стар Дојран уапасен Србин кој превезувал мигранти

од Vladimir Zorba
163 прегледи

Српски државјанин фатен како превезува мигранти на граничниот премин Стар Дојран.

Според информациите, М.К.(47) од Србија возел товарно возило со приколка, а во него биле пронајдени 20 мигранти од Сирија.

Лицето било задржано во полициска станица, а мигрантите биле спроведени во прифатно-транзитен центар за понатамошна постапка. За настанот бил запознаен Јавен обвинител и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Слични содржини