Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е умерен, информираат од АМСМ.

Во соопштението од Авто-мото сојузот на Македонија се посочува дека на граничниот премин Табановце утринава има зголемена фреквенција на возила и времето на чекање за излез од државата, е од 15 до 20 минути.
На останатите гранични премини, пак, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација.
Возачите да бидат внимателни, велат од АМСМ, посебно во клисурите и засеците каде е можна појава на одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.