На грчко-албанската граница уапсен 19-годишен Хрват осомничен за убиството на грчкиот навивач Михалис

од Stefanija Kuzmanovska
483 прегледи

На границата со Албанија, од грчка страна уапсен е 19-годишниот Хрват, Домагој Пезер, за кој се сомничи дека го прободел со нож 29-годишниот грчки навивач Михалис Кацурис за време на инцидентот кој се случи по мечот меѓу АЕК и Динамо Загреб.

Според грчките медиуми, 19-годишникот се обидел да избега со автобус кој возел на линија Атина – Тирана. Уапсен е на граничната точка Какавија. Полицијата го привела и ќе го сослушува во полициската станица во Јанина.

Во меѓувреме, во хотел во центарот на Атина уапсени се други 9 хрватски навивачи на загрепските „Бед Блу Бојс“. Други седум Хрвати се уапсени на границата Евзони, а според информациите се обидувале да побегнат со комбе во кое биле пронајдени ножеви и палки.

Седум високи грчки полициски офицери се суспендирани, а отворена е интерна истрага за доцнењето со полициската интервенција по синоќешните навивачки инциденти во Атина во кои членови на загрепските „Бед Блу Бојс“ нападнаа симпатизери на АЕК.

Слични содржини