На Хаваи евакуација – веќе има колони возила, предупредувања за цунами од Кина и Индонезија до Перу

Земјотресот се случи во 11.25 часот по локално време на Камчатка.

од desk2
51 прегледи Фотографија: Снимка од екран

Поради силниот земјотрес на рускиот Далечен Исток со магнитуда од 8,8 степени, кој предизвика цунами од 3-4 метри на полуостровот Камчатка и руското крајбрежје, предупредувања за цунами има за сите земји што излегуваат на Пацификот – од Кина, Јапонија и Индонезија, преку Полинезија и Микронезија до бреговите на Северна и Јужна Америка – од Алјаска до Чиле.

Земјотресот се случи во 11.25 часот по локално време на Камчатка.

Во Јапонија предупредување за цунами има за населението на источните брегови на јапонските острови, на Хаваи веќе има колони возила по улиците, бидејќи граѓаните ја послуша тревогата за цунами и се обидуваат да се евакуираат.

Се огласи и претседателот на САД, Доналд Трамп, кој соопшти дека тревога за цунами е издадена за Хаваи, но и за Алјаска, сојузната држава што е најблиску до епицентарот на силниот земјотрес што веќе предизвика оштетувања во Русија, како и за целиот Пацифички брег. На САД.

Во Јапонија работниците во нуклеарните централи Фукушима Даичи (која беше силно оштетена во силниот земјотрес и цунамито во 2011 година и Фукушима Даини, се преместени на повисоко тло.

Неколку луѓе на рускиот Далечен Исток се повредени во земјотресот, а населението на поголем дел од источните брегови на јапонските острови доби наредба за евакуација, поради стравувањето од силен удар на цунамито.

Според американскиот сеизмолошки институт, земјотресот имал хипоцентар на 19,3 километри длабочина, а епицентарот бил на околу 125 километри од Петропавловск, град со 165.000 жители кој се наоѓа во заливот Авача.

📽 Земјотрес од 8,8 степени во Русија, цунами во Камчатка, се приближува кон Јапонија и Хаваи