На „Илинденска“ веќе нема да бидат министри Царовска, Шекеринска и Филипче

од Берта Китинска
387 прегледи

Премиерот во заминување Зоран Заев вчера во пишаната оставка до собранискиот спикер Талат Џафери наведе дека ваквата одлука ја презел како логичен чекор кој произлегува од исходот на локалните избори и како израз на преземената одговорност за изборните резултати. Тој исто така вели дека оставката нема усно да ја образложи пред пратениците.

Откако премиерот Заев вчера поднесе оставка, веќе почнуваат да течат уставните рокови за предлагање и избор на новиот владин состав.

Шефот на државта, Стево Пендаровски, треба да го додели мандатот. Односно, Пендаровски сега треба да го додели мандатот на новиот мандатар Димитар Ковачевски.

Според Уставот, претседателот е должен во рок од десет дена да го довери мандатот на партијата, односно партиите што имаат мнозинството во Собранието. Мандаторот во рок од 20 дена, од денот на доверувањето на мандатот, на Собранието му поднесува програма и го предлага составот на Владата, стои во Уставот.

Официјално на „Илинденска“ веќе нема да бидат министрите за одбрана, за здравство и за образование.

Министерката Мила Царовска веќе најави дека нема да биде дел од новата влада.

Донесов одлука да не учествувам во новата Владата со новиот мандатар, соопшти денеска министерката за образование и наука Мила Царовска.

-Во изминатите пет години заедно со мојот тим навистина испорачавме политики во интерес на граѓаните. Јас продолжувам да се борам и да се застапувам за истите вредности и за истите политики и навистина верувам во капацитетот и силата на државата, како и во силата на жените и младите, рече Царовска.

И министерката за одбрана пред изјави дека нема да биде дел од новата Влада.

– За жал, мојот впечаток е дека од тие лекции не ги научивме и дека некои од пораките на јавноста не ги чувме или не ги разбравме, и затоа мислам дека единствената чесна и принципиелна одлука е да не учествувам во следната Влада, нагласи Шекеринска.

Таа потсети дека пред осум месеци се повлекла од партиската функција заменик-претседател на СДСМ оти не се согласувала со дел од политиките, кои според неа, придонеле за пораз на локалните избори и не очекува работите да се сменат.

Воедно и Филипче кажа дека веднаш по изборот на новата Влада, ќе се врати на својата основна професија, на Клиниката за неврохирургија.

-Ова беше едно големо искуство, но доста е од политика. Веднаш по завршување на владината реконструкција, се враќам на мојата основна професија како неврохрируг во Клиничкиот Центар, рече денеска Филипче во изјава за ТВ 24.

„Алтернатива“ веќе  ги објави имињата на кандидатите за министерските места. Се очекува новата влада да се формира откако премиерот Зоран Заев ќе ја достави оставката која ја најави по поразот на локалните избори.

Партијата доби вкупно 47 функции, меѓу кои и директорски позиции во МЕПСО, Клиничката болница во Тетово, ПИОМ, АД „Железници на Македонија – Транспорт“,Управа за водење на матични книги и Агенцијата за странски инвестиции.

Слични содржини