На инфективните одделенија во земјава се лекуваат околу 900 пациенти

од Берта Китинска
255 прегледи

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 546 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот, соопштија од Министерството за здравство.

На дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 38 пациенти позитивни и суспектни на ковид-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 41 пациент.

На инфективното одделение во Тетово има 24 пациенти, во Велес се лекуваат 37 болни, а во Куманово 75 пациенти позитивни и суспектни на ковид-19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 60 пациенти, во Прилеп 84, во ковид центарот во Гостивар 20, а во Струга 17 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 33 пациенти, во Кочани 9 во Кичево 11, Кавадарци 69, во Гевгелија 15 лица, а во Дебар 13 позитивни и суспектни на коронавирусот. Имајте предвид дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти.

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 899 и има околу 330 празни болнички кревети во ковид центрите.

Во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла.

Инаку, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород. Министерството има увид во состојбата со капацитетите и доколку има потреба одделенијата ќе бидат дополнително проширени.

Слични содржини