На инфективните одделенија во државава има вкупно 105 ковид-пациенти

од Vladimir Zorba
280 прегледи

На болничко лекување на инфективните одделенија во целата држава има вкупно 105 ковид-пациенти, од кои 37 се во Скопје, а 68 во другите градови. Поголем дел од нив се на кислородна поддршка. Има околу 530 празни болнички кревети, соопшти Министерството за здравство.

Во изминатите 24 часа поради компликации од коронавирусот, во Скопје е хоспитализиран само еден пациент – во ковид-центарот во ГОБ „8 Септември“, а дома се пуштени двајца оздравени.

Во главниот град 22 пациенти се хоспитализирани на Инфектвината клиника, 14 се лекуваат во ГОБ „8 Септември“ и двајца на Институтот за ТБЦ. До 8 часот утрово имало 90 слободни места.

Во ковид-центрите во болницата во Битола се хоспитализирани четворица пациенти, во Штип и во Струга по пет, Тетово и Прилеп имаат по тројца пациенти, Велес и Охрид по шест, Куманово 18, Гостивар има осум, Струмица девет, Кичево еден, а во Кавадарци и Гевгелија нема хоспитализирани.

Слични содржини