На Ивица Дачиќ му стигнале три куршума во плико

од desk2
12 прегледи

Српското министерство за внатрешни работи соопшти дека вчера на министерот за внатрешни работи Ивица Дачиќ и вицепремиер на адреса на Владата на Србија му стигнало писмо во кое имало три куршума.

Пратката била „обелоденета“ вчера со рутинска рендгенска проверка на пристигнатата пошта. Истрагата утврдила дека пликото е предадено 2 дена претходно во пошта во српскиот град Пожаревац.

Полицијата тврди дека го идентификувала и пронашла испраќачот на пратката и дека истрага е во тек.