„На изборите граѓаните ќе бираат и меѓу Отворен и Затворен Балкан“

од Vladimir Zorba
343 прегледи

„Во Северна Македонија во април и мај следуваат редовни парламентарни и претседателски избори. Од едната страна се нуди јасна про-европска интегративна политика која се очекува да ги продолжи политиките на отворена соработка со соседите. Од другата страна се нуди некаква промена која засега е сведена на слоган, но за која јавноста има огромна недоумица односно нејаснотија поради тоа што и самата понуда е нејасна или недефинирана“,изјави Марјан Забрчанец, Национален координатор за Отворен Балкан и за регионални иницијативи.

Тој додаде дека другата страна е водена од Христијан Мицкоски, политичар кој неколку пати во јавност изнесуваше дилеми и критики за Отворен Балкан, велејќи дека наводно не било јасно како тоа две држави кои не се граничат (Србија и Албанија) можат да соработуваат во рамки на иницијатива која го носи предзнакот за регионална соработка.

„Затоа, имајќи предвид дека 70 – 80% од населението во Македонија ја поддржува иницијативата Отворен Балкан, сите учесници на овие избори треба да се изјаснат каков став имаат по однос на иницијативата. Ако не се за Отворен Балкан, за што се? За Затворен Балкан? За Затворена Македонија? Или?“ заклучи Забрчанец.

Слични содржини