На изборите ќе може да се гласа и со лични документи со старото уставно име

од Nikola Popovski
235 прегледи

Власта и опозицијата по скратена постапка ги донесоа измените во Изборниот законик, со 84 гласа „за“. Преку преодна одредба, како што е предвидено, им се овозможува на сите полнолетни граѓани кои што имаат лична карта или пасош чија што важност истекла во периодот од девет месеци до денот на одржување на изборите да си го остварат правото на глас. Оваа измена според членот 38 важи само за остварување на правото на глас.

Измените беа поднесени од кординаторите на пратеничките групи СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ и Алијанса за Албанците

Без измените во изборниот закон, постоеше ризик да се прекрши основното човеково право, право на глас, на над 100 илјади граѓани во нашата држава, рекоа од ВМРО-ДПМНЕ.

Преку овие законски измени се имплементираат и препораките на ОБСЕ ОДИХР за изборните процеси во земјава.

Со Законот се воведува Центар за континуирана едукација во Државна изборна комисија со која се обезбедува континуирана обука за изборната администрација, гласачите, учесниците во изборниот процес, овластените претставници на подносителите на листи, медиумите, набљудувачите на изборите и сите заинтересирани кои на каков било начин имаат учество во изборите.

Слични содржини