На парламентарните избори во Холандија води либералната десница на премиерот Марк Руте, соопшти Дојче веле.

Според податоци од екзитпоулот, објавени од холандскиот телевизиски канал NOS, Народната партија за слобода и демократија на Руте заработува 31 пратенички мандати против 19 за популистичката Партија на слободата на евроскептикот Герт Вилдерс.

Одзивот е 81 проценти.

Првите официјални резултати се очекуваат кон полноќ по локално време.