Помина нешто повеќе од еден месец откако принцезата Кејт Мидлтон беше подложена на деликатна операција на абдоменот, поради што беше принудена да се повлече од јавниот живот.
Од тој момент до денес постојат многу теории за нејзината здравствена состојба. Дополнителен интерес за здравствената состојба на Кејт Мидлтон предизвика и тоа што британското кралско семејство не дава никакви изјави на таа тема. Јасно е дека ова само отвора врата за бројни нагаѓања и шпекулации.
Од шпекулациите дека се работи за дијагноза на рак, кои беа демантирани, теориите се развија до дијагнозата на Кронова болест. Како што наведуваат многу „теоретичари“, Кроновата болест може да биде објаснување за подолгото закрепнување на принцезата Кејт. Сепак, се уште нема официјална потврда од кралското семејство, пренесуваат странските медиуми.
Британските медиуми пишуваат дека Меган Маркл ѝ се јавила на Кејт за да ѝ даде до знаење дека ја има нејзината поддршка и е тука за неа.