На косовски спортисти им бил забранет влез во Грција

од Nikola Popovski

Карате репрезентацијата на Косово, кој отпатувала на Медитеранското првенство во карате за кадети во градот Лимасол на Кипар, била запрена на границата меѓу Македонија и Грција, бидејќи грчките власти не им дозволиле да влезат во таа земја.

Според „Економија онлајн“, натпреварувачите, меѓу кои и секретарот на карате федерацијата, ја добиле целата документација, вклучително и визите добиени во амбасадата во Белград, но сепак не им било дозволено да го продолжат патот.

„Економија онлајн“ потсетува дека ова не е прв пат на спортисти од Косово да им се забранува учество на натпревари во земји кои не ја признаваат независноста на т.н. Косово, објави Танјуг.

Слични содржини