254
На британскиот крал Чарлс Трети му бил дијагностициран рак за време на посетата на болницата поради проблеми со простата, соопшти денеска Бакингемската палата.
Во соопштението само се наведува дека е откриена „форма на рак“, но не се наведува за каков вид на рак се работи.
Се додава дека Чарлс ќе оди на редовна терапија, поради што планираните јавни настапи ќе ги одложи до дополнително известување.
„Кралот Чарлс одлучи да соопшти дека му е дијагностициран рак за да избегне шпекулации и со надеж дека тоа ќе им помогне на луѓето ширум светот кои имаат рак“, стои во соопштението.