„На матура без автомобил и алкохол“ – превентивна мерка за матурантите од Крива Паланка

од desk4
267 прегледи

Одделението за внатрешни работи, Крива Паланка, на само два дена од прославата, спроведе превентивна мерка наменета за матурантите од средното училиште “Ѓорче Петров”, насловена “На матура без автомобил, алкохол и психотропни супстанци”.

Во спортската сала на СОУ „Ѓорче Петров“ од страна на полициските службеници од Одделението за внатрешни работи Крива Паланка беше одржано едукативно предавање посветено на темата безбедни матурски прослави. Учениците-матуранти беа запознаени со неопходноста од одговорно однесување пред, за време на прославата и подоцна, за мерките и последиците од непочитување на законските прописи од областа на сообраќајот и од областа на јавниот ред и мир, со цел прославите да минат безбедно и мирно, најмногу во интерес на младите, информираат од ОВР Крива Паланка.

Во текот на утрешниот ден матурантите ќе имаат дневна забава, како подарок од градоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски, а во текот на вечерта, во четврток, е организирана главната матурска прослава од страна на училиштето.

Слични содржини