На мажите во Ерменија им е забрането да ја напуштат земјата

од Aleksandar Petrovski
100 прегледи

Мажите на возраст меѓу 18 и 55 години им е ограничено да ја напуштат земјата во Ерменија, пренесуваат странските медиуми.

Според нив, мажите можат да ја напуштат земјата само со дозвола на ерменскиот воен регистар.
Да потсетиме, вчера, Владата на Ерменија прогласи воена состојба и општа мобилизација поради ескалацијата на ситуацијата во Нагорно Карабах.

Наскоро воената состојба беше прогласена од парламентот на Азербејџан, кој воведе полициски час во неколку региони.

Двете страни јавија за цивилни жртви.