На местото на пожарот кај Галичица пронајден шрапнел од експлозивно средство

од Nikola Popovski

Членовите на Планинската спасителна служба од Охрид, на местото на пожарот на планината Галичица, во областа над шумата каде до пред некој ден гореа трева и грмушки, пронашле шрапнел од засега непознато експлозивно средство најверојатно артилериска граната останата од првата светска војна, со поголем калибар, информира попладнево директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов.

Тој додава дека не сака ниту да помисли што овој шрапнел може да му направи на човек или хеликоптер кој во моментот на експлозијата би се нашол во нејзина близина.

Вчера од ЦУК соопштија дека пожарот на Галичица после интервенцијата на хелихоптерот на АРСМ и временските услови кои се на просторот утрово (има послаби врнежи) е локализиран.

-Се забележуваат уште 2 (две) помали жаришта каде што сеуште има слаб чад. Рано утрово на просторот има околу четириесетина лица со припадници на ТППЕ-Охрид, НП Галичица, ПО ДЗС-Охрид, ПСС-Охрид кои ќе направат целосна проверка на опожарениот простор. Договорена е целосна логистичка подршка за дејствување и е обезбедена храна и вода за лицата кои ќе бидат на терен како и механизација за расчистување на планинските патишта. Доколку од екипата на терен се процени дека има потреба за дејствување од воздух ќе се побара поддршка и од АРСМ, потенцираат од ЦУК.

Слични содржини