На Навални му се заканува нова казна затвор

од Stefanija Kuzmanovska
360 прегледи

Алексеј Навални, рускиот опозициски лидер и критичар на Кремљ, повторно се најде пред судот. Тој е обвинет за ширење „навредливи и лажни“ информации против ветеран од Втората светска војна.

Навални е обвинет дека во јуни минатата година на социјалните мрежи упатил клевети на сметка на Игњат Ариоменко, воен ветеран, кој учествувал во промотивно видео на Кремљ.

На тоа видео, Ариоменко ги поддржа уставните измени што ќе му овозможат на претседателот Владимир Путин уште двапати да учествува во претседателската трка. Лидерот на опозицијата ги нарече луѓето од видеото „предавници“.

Според рускиот истражен комитет, неговите коментари содржеле „лажни информации што ја нарушуваат честа и достоинството“ на ветеранот од Втората светска војна.

Судењето беше одложено минатата недела откако ветеранот побара лекарска помош, откако рече дека не се чувствува добро.

Пред да ја напушти судницата, тој побара од Навални јавно извинување.

Се очекуваше обвинителите да му кажат на судот на 16 февруари каква казна бараат.

Според законот кој е на сила во Русија, доколку биде прогласен за виновен, Навални може да се соочи со парична казна или казна затвор до две години.

Навални и неговите соработници ја коментираат оваа постапка како политички мотивиран потег во текот на целата кампања што се спроведува со цел тој да се најде зад решетки.

На почетокот на овој месец, тој беше осуден на 2 години и 8 месеци затвор за кршење на условната казна.

Ширум Русија се организираат протести за поддршка на лидерот на опозицијата.

Слични содржини