По точно седум месеци, во над шестотини основни и средни училишта учениците со маски на лицето и држење дистанца седнаа на училишните клупи. Останатите ученици пак, наставата ќе ја следат онлајн, се додека епидемиолошката состојба тоа го наложува.
Дел од училштата и денеска ги поставуваа училишните клупи во школските дворови.Учениците ќе мора да ги почитуват основните правила за да се заштитат себеси и останатите.
Физички на наставата во најголем дел присуствуваат најмалите, поточно ученици од прво до трето одделение. Што се однесува до оние од повисоките одделенија, повеќето од нив учат на далечина, преку онлајн платформата и со емитување на часови на Националната телевизија.
Според надлежните, сите училишта вчера подготвено ја почнаа учебната година и сите мерки и протоколи за настава со физичко присуство се исполнети. Набавени се термометри, средства за дезинфекција и сите се запознаени со новите услови за одржување на наставата.