На овој датум пред 166 години е напишан романот Колибата на чичо Том. Која е пистелката што со својот роман ја предизвикала Американската граѓанска војна?

од desk3
1,K прегледи

 

Првиот извадок од влијателнот роман “Колибата на чичо Том” на Хариет Бичер Стоув е објавен на денешен датум во 1851 година во подлистокот на весникот “Национална ера”. Книгата  довела до Американската граѓанска војна, и е протест на Стоув против Закон за бегството на робовите во САД, со кој бегалците  се сметале за криминалци.

Во тој  момент писателката доживува и лична трагедија, откако едно од децата и умираат од колера.  Идејата за книгата се раѓа за време на црковната служба, кога писателката одеднаш добива привидение на измачен роб кого сурово го тепаат. Подоцна таа вели дека историјата на книгата е инспирирана и напишана од Бог. 

“Не можев да го контролирам раскажа,  Бог сам го пишуваше романот. Јас бев само алатка во неговата рака. Нему треба да му се дадат сите  пофалби”, рече  писателката. Интересно е дека за време на состанокот со Хариет Бичер Стоув претседателот Абрахам Линколн се шегувал: “А, значи Вие сте малата женичка, што ја напиша книгата од која започна големата војна!”.

Самата Стоув немала никакви намери да поттикнува војна. Таа дури и не пишува отворено против системот на ропството, а уште помалку – против колонистите од јужните држави каде роптовото е распространето. Таа  приказната ја базираla на семејните и христијански вредности. Интересен е фактот дека последователно нејзините современици ја обвинуваат дека раскажувањето не е праведно, иако се сведоци на настаните.

Подоцна Стоув ги издава и своите  документарни извори кои ги користела во книгата. Книгата предизвикува вистински хит и станува бестселер. Само за пет години е продадена во милионски тираж и е преведен на 37 јазици.

Денес романот на Хариет Бичер Стоув повторно станува актуелна. Често пати книгата поради употребата на зборот црнец е забранувана.