
На овој ден во 1934 година Адолф Хитлер се прогласува за фирер на Германија. Ова се случува на денот во кој умира дотогашниот претседател на германскиот Рајх Паул фон Хинденбург. Хитлер, кој од почетокот на 1933 година е канцелар на Германија, практично ги обединува двете титули односно двете функции.
Така Хитлер истовремено станува претседател на државата и шеф на владата. Титулата Фирер и рајхсканцлер останува важечка до 1942 година, кога Хитлер сам ја менува во фирерот на најголемата германска нација (Der Fuhrer des Grossdeutschen Reichs).
На воен план до истата година Хитлер ја носи титулата Фирер, кој е и врховен командант на армијата, кога вториот дел е укинат со посебен декрет. Всушност Фирер е широко користа воена титула во германските земји во текот на XVIII век, како и секој командант на чета, баталјон или полк, кој по традиција се нарекувал така.
Таа е популарна и во парамилитарните средини и сериозно се користи од нацистичката партија, како и од сродните организации како СС и СА. По Втората светска војна, сепак таа брзо излегува од мода поради времето поврзано со нацистичка Германија.