На овој остров ќе ви ги вратат парите поради една работа

Не постои ништо полошо од тоа одморот да ви биде упропастен од дожд, а единствено нешто што сакате е малку сонце. За среќа, постои прекрасен медитерански остров кој гарантира дека дожд нема да има, а доколку се случи тоа, хотелот во кој престојувате ќе ви ги врати парите.

Островот Елба, сместен покрај брегот на Тоскана во Италија, е еден од најголемите италијански острови и е дел од Националниот парк на тосканскиот архипелаг.

Освен по прекрасните медитерански плажи, островот е познат и по импресивните тврдини и минерални купки.

Бидејќи Наоплеон бил протеран на овој остров, има доста историски делови и приказни за откривање, а доколку тоа не ве имресионира доволно, островот нуди гаранција за одмор без дожд.

Во иницијативата под името Елба без дожд, која е поткрената минатата година, островот нуди повраток на пари за хотелскиот смештај доколку дождот трае предолго. Како што велат туристичките организации на островот, дури иако дождот во мај е ретка појава на островот Елба, тоа не значи дека не може да се појави. На Елба дождот повеќе не е проблем.

„Со иницијативата Елба без дожд, за време на мај и од септември до октомбри, доколку врне дожд за време на вашиот престој, нема да мора да плаќате за ноќевање“, рекле од туристичката организација на островот.

Во оваа иницијатива учествуваат 14 хотели на островот, во распон од луксузни до кампови. Потребно е да пратите емаил и да ја побарате тарифата Елба без дожд и резервирате. За да добиете повраток на средствата за смештај во случај на дожд, ќе мора да врне два часа или повеќе, меѓу 10 часот наутро и 8 часот навечер.

Слични содржини