На Партизанска, приведен скопјанец за издржување затворска казна

од Берта Китинска
172 прегледи

На 21.09.2021 околу 15.30 часот на бул.„Партизански одреди“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје – Полициска станица Карпош, врз основа на судска наредба, го лишиле од слобода Б. А.К.(64) од Скопје за издржување затворска казна за сторено кривично дело „измама“ по член 247 од Кривичниот законик, соопштија од МВР.

Лицето било спроведено во Казнено-поправната установа Затвор Скопје за издржување на казната.