На патот Ресен-Охрид: 93-годишнo лице со „опел“ излетало од коловозот

од Берта Китинска
446 прегледи

На 09.09.2021 во 20.40 часот во СВР Охрид било пријавено дека на магистралниот пат Ресен-Охрид, на влезот за с.Свиништа, патничко моторно возило „опел“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од Д.И.Ч.(93) од Стар Дојран, излетало од коловозот, соопштија од МВР.

Во незгодата Д.И.Ч. се здобила со тешки телесни повреди констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Охрид.