Во Собранието денеска со почечток во 12 часот ќе продолжи петтата седница на која како последна точка на дневен ред е изборот на заменици – министри на Владата.
Вчера по жестокиоит настап на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ кои најпрво бараа повлекување на точката од дневниот ред, со образложение дека немаат време да ги разгледаат биографиите на предложените кандидати на заменици министри,за да по еден час пауза пратнеикот Илија Димовски излезе на собраниската говорница со предлог, точката од 10-тото место да биде префрлена на последното 23. така според Димовски пратениците ќи имаат повеќе време да се подготват за дебата. Предлогот беше прифатен од сите пратеници.
На денешната седница пратениците ќе ги разгледаат годишните извештаи на неколку институции, а ќе дебатираат и за граѓанската иницијатива за донесување на закон за изменување на Законот за работни односи со која се бара продолжување на породилното отсуство.