На плоштадите во Берово и Пехчево одржана матурска парада

од desk4
234 прегледи

Вчера вечер на плоштадите во Берово и Пехчево беше одржана матурска парада проследена со традиционалното матурско дефиле на која матурантите од генерацијата 2019/2023 ја покажаа својата убавина, елеганција и грациозност. Беше одигран и традиционален валцер, а потоа најдобрите матуранти се стекнаа со награди.

Градоначалникот на Берово, Звонко Пекевски им посочи на новите матуранти : на патот кој следува им посака да не ги заборават традиционалните вредности: семејството, културата и доброто однесување.

Тој додаде: „Посакувам да бидат желни за нови знаења, да веруваат дека можат да ги остварат и најголемите соништа, да мечтаат, секојдневно да учат и истражуваат, надополнувајте ги нивните знаења и вештини и предизвикувајќи позитивни промени во општеството. Гордо и достоинствено да продолжат напред, да дадат се од себе, да инвестираат во себе и да запаметат дека се родени да постигнуваат големи успеси“.

Александар Китански, градоначалникот на Пехчево рече дека младоста е движечката сила на секое општество, а младите се наредната генерација македонци, промотори на културниот економски и политички развој.

Китановски: -Овие вредности јас како градоначалник и Локалната самоуправа целосно ги почитуваме, а тие се врвен приоритет и во работењето на општина Пехчево. Образованието нека ви биде цел. Бидејќи само образована младина и продуховен народ ќе можат да одговорат на барањата на новото време.

Слични содржини