На Погба и Де Хеа нема да им се намалат платите, во случај Јунајтед да не се пласира во ЛШ

од Vlatko K
106 прегледи

Двајца од лидерите на Манчестер Јунајтед, Давид де Хеа и Пол Погба, најдоа начин да ги задржат
своите плати на сегашното ниво без тие да бидат намалени.


Според „Тајмс“, договорите на играчите имаат клаузула дека нивните плати ќе се намалат за 25% во
случај на неуспех на тимот во Лигата на шампионите. Погба и Де Хеа биле загрижени за тоа,
бидејќи се уште е нејасно дали „Црвените ѓаволи“ ќе бидат во топ 4, каде што битката е повеќе од
жестока на 4 круга пред крајот на шампионатот.

Нивната цел е да се договорат што е можно побрзо, а нивната желба е платата да им се покачи при
потпишувањето на новите договори, за да може во случај на кратење платите, тие да останат на
сегашното ниво.

По 33 средби, Манчестер Јунајтед е на 6 место, заостанувајќи 2 поени зад топ 4.