На предлог на СДСМ решен проблемот со возачките дозволи – ДПМНЕ не смее да казнува, велат од „Бихаќка“

од Nikola Popovski
275 прегледи

Од СДСМ велат дека на предлог на нивната пратеничка група, Собранието усвои законски измени со кои на возачките дозволи продолжена им е важноста, до крајот на оваа година.

-Граѓаните и понатаму да може да ги користат на територијата на државата. ДПМНЕ не смее да ги казнува граѓаните.

Нодоговорно е однесувањето на министрите на ДПМНЕ во техничката Влада и обидите да создававаат дополнителен хаос, стои во партиското соопштение.

Министерот за внатрешни работи, Тошковски до Владата достави Предлог-измени за законот за патни исправи и за возачките дозволи, а според итноста до Собранието истите предлози ги достави и пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

Во Собранието консензус меѓу партиите, по итна постапка изгласани законските измени за продолжување на важноста на возачките дозволи, за домашна употреба, до крајот на годината. Неизбежни и обвинувањата што во последен момент се бара решение.

Најнезадоволни се граѓаните.

Претседателот Пендаровски го потпиша указот на законските измени за возачките дозволи. Претходно изјави дека е неприфатливо македонските граѓани кои се веќе изложени на сопствен трошок, да менуваат документи. Шефот на државата сепак задоволен што се најде времено решение.

Слични содржини