На пристаништето во Солун пристигна втората пратка од 26 лесни оклопни возила JLTV Oshkosh наменети за АРМ (ФОТО)

од Vladimir Zorba
344 прегледи

Министерката за одбрана, Славјанка Петровска на денешниот брифинг за новинари информираше дека на пристаништето во Солун пристигна втората пратка од 26 лесни оклопни возила JLTV Oshkosh, наменети за Армијата на Република Северна Македонија.

„26 возила се наоѓаат на пристаништето во Солун и во наредните денови треба да започне испораката кон Република Северна Македонија, односно истите ќе бидат пренесени во касарната во Штип“, истакна Петровска на новинарското прашање за набавката на оклопните возила од типот JLTV Oshkosh.

Слични содржини