На Путин не му стана незгодно од прашањето, само се направи „на Тошо“

од desk2
54 прегледи Фото: Стоп-кадар од видео

Веднаш по слетувањето на Алјаска и ракувањето со неговиот колега од САД, Доналд Трамп, рускиот претседател Владимир Путин добие едно од најнезгодните прашања што можел да ги замисли.

„Кога ќе престанете да убивате цивили во Украина?“, го праша една новинарка.

Путин на тоа одреагира со гестикулација со која порача дека не слуша што му кажува новинарката или не разбира што го прашале.