На радар фатени 60 пребрзи возачи

од Nikola Popovski
168 прегледи

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (20.07.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 165 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 60 санкции, 11 мерки за возење без возачка дозвола, девет санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл.

Изречени се шест мерки за користење мобилен телефон, 11 санкции за непочитување на првенство на минување, седум мерки за нерегистрирани возила, шест санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло)…

-Засилените акциски контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, бараат од полицијата.

Слични содржини