Денес на седница Владата ќе одлучува за скратување на полицискиот час

од Andreja Salpe
312 прегледи

Владата на Република Северна Македонија денеска ќе ја одржи редовната 68-ма седница, со повеќе точки на дневниот ред, информираат владините служби.

Од таму додаваат дека на седницата, која ќе започне во 19:00 часот, ќе биде разгледуван Записникот од Триесет и петтиот состанок на Главниот координативен кризен штаб за обезбедување целосна координација во врска со спречување на внесување и ширење на Ковид-19, одржан на 3 мај 2021 година.

Според дневниот ред, на денешната седница, пред министрите ќе се најде Предлог – програмата за изменување и дополнување на Програмата за водостопанство за 2021 година.

На редовната седница, Владата ќе ги разгледува и Информацијата за кредитните барања кои ги исполнуваат условите за кредитирање по Јавниот повик бр. 1 за кредити од кредитната линија за поддршка на микро и мали претпријатија со можност за грант компонента (Ковид 3 кредитна линија), како и Информацијата за извршените и планираните активности во однос на претседавањето на Република Северна Македонија со Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) во 2023 година, предложена од министерството за надворешни работи.

За донесените одлуки и заклучоци од 68-мата редовна Владина седница, која ќе се одржи преку видеоконференциска интернет врска, јавноста ќе биде известена преку соопштение веднаш штом ќе биде завршена.

Слични содржини