На судењето за случајот „Рекет“, кој се наоѓа во доказна постапка се прикажуваат снимки доставени од бизнисменот Јордан Камчев.
Пуштена е снимка на која се гледа како во куќата на Камчев влегува Зоран Милевски Кичеец со хартиена кеса.
На снимките се гледа како во ходникот од куќата на Камчев, Кичеец зборува со машко лице со плава кошула кој во левата рака носи лаптоп, а веднаш потоа Кичеец излегува од куќата на Камчев
На следната снимка Боки 13 и Кичеец доаѓаат кај Камчев со поголема машка торба.На неа се гледа како во левата рака носи торба марка „Луј Витон“, а Јовановски црна торба. 20.2.2019 е датумот од снимките со торбата „Луј Витон“.
На снимките се покажува излезот од гаражата на Камчев како тие доаѓаат, а подоцна си заминуваат со нивното возило и торбата „Луј Витон“.
Поради технички проблеми, во моментов има пауза од десетина минути за Обвинителството да си ги подготви доказните материјали
И.Р.