На „Рузвелтова“ уапсена дебарчанка барана со потерница

од Nikola Popovski
358 прегледи

На скопската улица „Франклин Рузвелт” денеска напладне полициски службеници ја лишиле од слобода В.Х. (64) од Дебар, а со место на живеење во Скопје.

Како што информираат од МВР, за неа била распишана потерница по наредба на Основно јавно обвинителство Велес за истрага поради сомнение за сторено кривично дело злоупотреба на службената положба и овластување.

Приведената е предадена во Основното јавно обвинителство Велес за понатамошна постапка.

Слични содржини