Шпанија, една од државите кои се најтешко погодени од коронавирусот по Кина, Италија и Иран, во последните 24 часа бележи нагло зголемување на нови заразени, при што бројката се очекува да се зголеми уште повеќе бидејќи се тестираат повеќе луѓе.

– Бројот на смртни случаи поврзани со коронавирус се зголеми за 28 проценти во четвртокот, соопшти шпанското Министерство за здравство. До денес, 767 смртни случаи поврзани со коронавирус се потврдени во Шпанија.
„Бројот на потврдени случаи на заразени во Шпанија се зголемил за 25 проценти во текот на ноќта, од 13.700 на повеќе од 17.000 во четвртокот, 33 проценти од нив над 65 години“, пренесува весникот Ел Паис.
– Мадрид е најтешко погодениот град, со скоро 6.800 случаи и 41 смртен случај.
– Според весникот „Ел Паис“, во понеделник, во Мадрид имало една смрт поврзана со коронавирусот на секои 16 минути.
46 милиони луѓе во Шпанија се во изолација, бидејќи владата нареди прекинување на сите невитални бизниси и јавни места, по слични мерки преземени во Италија, најтешко погодената земја надвор од Кина.
Во средата, Европската централна банка започна програма за откуп на обврзници од 820 милијарди американски долари, насочена кон ублажување на влијанието на коронавирусот во еврозоната.
Шпанскиот премиер Педро Санчез во средата изјави дека допрва доаѓа врвот на епидемијата во Шпанија. Тој, исто така, во четвртокот објави твит: „Овие се моменти на одговорност, солидарност и обединето дејствување на сите институции на ЕУ. ЕЦБ одобри програма од 750 милијарди евра за заштита на нашите граѓани, нашите економии. Ќе направиме се што е потребно. Ќе успееме.”