На секои седум минути од Ковид умира по едно лице во Иран

од Берта Китинска
308 прегледи

Во Иран на секои седум минути од Ковид умира по едно лице, објави денеска државната телевизија, додека Министерството за здравство регистрира 215 нови смртни случаи од болеста.

Вкупно 17.405 лица починаа од Ковид-19 во земјата, а бројот на потврдени случаи се зголеми за 2.598, на 312.035, објави Министерството.

Некои експерти се сомневаат во точноста на официјалните ирански податоци за бројот на случаи. Во извештајот на истражувачкиот центар на иранскиот парламент од април се вели дека бројот на починати би можел да биде речиси двојно поголем од оној што го објавува Министерството за здравство.

Слични содржини