201
Скопското обвинителство поднесе обвинителни предлози против 12 лица за кривично дело „Фалсификување исправа од член 378 став 1 од Кривичниот законик“.
-Обвинетите, во различни кривично-правни настани во периодот од 19 до 23 февруари, на граничниот премин на Меѓународниот аеродром Скопје, прикажувале лажни потврди за негативни ПЦР тестови за SARS-CoV-2 вирусот, кои наводно биле издадени од лаборатории во Скопје.Потврдите како вистински ги прикажувале пред овластените службени лица, иако знаеле дека воопшто не се тестирале во наведените лаборатории, соопшти OЈО.