На скопскиот аеродром стигнаа уште 20 сограѓани од Авганистан, уште двајца треба да стигнат по полноќ

од desk4
331 прегледи

Вечерва на скопскиот аеродром слета авионот кој од Лондон преку Цирих донесе 20 наши граѓани кои пред две недели беа извлечени од Кабул, но останаа во Велика Британија во карантин според протоколот воведен поради корона пандемијата.

Последните двајца треба да пристигнат исто така на скопскиот аеродром по полноќ и тоа ќе бидат последните наши евакуирани сограѓани од Авганистан.

Министерството за Надворешни работи започна посебна акција за евакуација на нашите државјани од Кабул, за што беше формирана и посебна работна група во рамките на МНР. Акцијата за евакуација започна во неделата, на 15 август, со првата група граѓани кои допатуваа прво во Катар, па оттаму во Македонија.

Слични содржини